Опис
Професионален Top Coat Matte No Wipe наменет за завршен слој на маникирот. Создава рамномерна, мазна и кадифено-мат површина, истовремено заштитувајќи ја бојата од гребење, оштетување и предвремено губење на изгледот.
Погоден е за нанесување врз гел-лак, гел, акрил-гел и различни nail art дизајни. Формулата No Wipe не остава леплив слој по полимеризацијата, па не е потребно дополнително пребришување.
Се полимеризира во UV/LED ламба. Само за професионална употреба.




