Опис
Професионален гел-лак во боја со интензивна пигментација, рамномерно покривање и лесно нанесување. Овозможува мазна површина, богата боја и долготраен, уреден изглед на маникирот.
Се користи во систем со дехидратор, прајмер, база и top coat, а може да се нанесува и врз акрилен гел или builder gel. За најдобра компатибилност, долготрајност и професионален резултат, се препорачува употреба со производите на Revuar Professional.
Се нанесува во еден или два тенки слоја, во зависност од нијансата и посакуваниот интензитет. Секој слој се полимеризира во UV/LED ламба.
Само за професионална употреба.








